СОУ Јане Сандански започна со реализација на обуки за 3D печатење во рамки на проектот ESTEM 3D. Еразмус проектот ЕСТЕМ 3D има за цел да го прошири знаењето за технологијата на 3D печатење во средните и основни училишта, најпрво меѓу наставниците а потоа и на учениците. Изготвен е материјал за 3D курсевите , поделен по теми и истиот поставен на он-лине платформа estem-3d.eu на која може да се најават сите учесници на курсевите. Во материјалот се наоѓаат и практични примери по одредени предмети .Оваа е еден друг поразличен пристап на учење на кое акцент се става на практичната настава. Со обуките е предвидено да се опфатат сите заинтересирани наставници од нашето училиште , од средните и основни училишта во Струмица и соседните општини .
Досега се одржани две обуки на 13 Февруари првата која беше подготовка за обучувачите и на 13 Март на која беа присутни наставници од СОУУД Димитар Влахов-, ООУ Видое Подгорец-, ООУ Никола Вапцаров од Струмица . Во низата од следни обуки на 20 март, 27 март .. ќе бидат опфатени и други училишта.
 
Scroll to Top